- Договорот на Бразилецот Нејмар со ПСЖ кој во 2021-ва беше продолжен до 2025 му гарантира 48.996.000 милиони евра со бонуси или 30 милиони евра по платени даноци во Франција.
- Нејмар има договор и со спонзорите Пума, Катар Ервејс, Епик Гејмс, Ред Бук, Флутер Ентертејмент и Трилер.
- Втори најплатени во ПСЖ се Лео Меси кој годишно со бонуси и плати стигнува до 40.500.000 милиони евра. Килијан Мбапе изненадувачки е далеку зад Нејмар и Меси и годишно достигнува 26.400.000 милиони евра со бонуси.
- Во шпанска Ла Лига најскапо платен фудбалер е Герет Бејл кој изненадувачки веќе втора сезона повеќе е на трибини отколку на терен и не добива никаква шанса за игра во Реал Мадрид. Но затоа годишно заработува 34 милиони евра. Ист пример е и Еден Азар кој нема видено зелен терен но зема 30 милиони евра.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.