- Одбраната не само што е меѓу последните според бројот на примените голови, туку се наоѓа на дното и според дозволени удари на противниците.
- Примивме три гола повеќе од што дадовме, 224 на седумте меча или точно 32 по натпревар, што ја става Македонија на 25. место меѓу сите учесници.
- На минатото Европско првенство реализацијата ни беше сериозен проблем, а сега ја кренавме на пристојни 67 проценти.
- Македонија беше единствената селекција без промашен пенал до вчерашниот дуел со Јужна Кореја, со 17/17.
- И покрај потрошените 175 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок, Атлетико на очаен начин ја почна новата сезона во Ла Лига.
- Откако во првото коло загуби на гости кај Еспањол, мадридскиот тим денеска одигра само 1-1 со Елче пред своите навивачи. Диего Симеоне се одлучи за исклучително офанзивна варијанта, со своите двајца врвни голгетери во стартниот состав Сорлот и Алварез, но тоа не даде голем резултат.
- Ракометарите на ГРК Охрид извојуваа голем успех и го победија Еурофарм Пелистер во финалето на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ со конечен резултат 31-26. Ова е одличен и трофеен старт за новиот проект на амбициозниот суперлигаш и стручниот штаб на тренерот Борис Ројевиќ.
- Македонскиот ракомет после силното трио Вардар 1961-Пелистер Еурофарм-Алкалоид, сега добива нов силен конкурент кој сигурно ќе се бори за титулата. Предводен од одличниот стратег Борис Ројевиќ кој направи хегемон од новосадска Војводина во српскиот ракомет, сега Охрид цели кон шампионски титули и пехари во Купот на Македонија.
- Ќе биде ова возбудлива и неизвесна сезона во мак-ракометот.