- УЕФА ги одреди официјалните лица за финалниот натпревар на Европското првенство 2024 кој се игра во недела од 21 часот во Берлин.
- Поранешниот генерален секретар на ФФМ, Филип Поповски ја доби честа да биде делегат на големата пресметка меѓу Англија и Шпанија.
- Главен судија ќе биде Франсоа Летексие, а ќе му помагаат Муњие и Рахмуни. Четврти судија е Марчињак, а во ВАР собата главен ќе биде Жером Брисар.
- Новото раководство на КФМ покрена иницијатива за промена на името на оваа организација.
- Куќата на кошарката сака да ја елиминира додавката „Северна“ и да не се вика повеќе Кошаркарска федерација на Северна Македонија.
- Како нови можни имиња е враќање на стариот назив Македонската кошаркарска федерација (МКФ), кое беше во употреба пред спорната одлука донесена пред шест години, што предизвика многу реакции.
- Иван Чупиќ е нов тренер на РК Вардар, кој доаѓа на местото на Гиљермо Милано, кој го загуби столчето после губењето на титулата на болен начин од Еурофарм Пелистер.
- „Сите го памтите Чупиќ како легенда на Вардар и кога на ПСЖ во последна секунда му даде гол. Што ме натера да го ангажираме е тоа што уште како играч искажуваше тренерски амбиции. По разделбата со Милано, добив желба да го ангажираме и тоа после еден разговор“, рече Михајловски кој се осврна и на Столе Стоилов.
- „Столе е легенда на Вардар, многу го ценам, мислам во овој моментот не спремен да го води тимот. Вратата за него секогаш е отворена. Тој е на годишен одмор. Дали ќе биде помошник или со некоја друга функција, ќе се договориме со него“.