- Управата на најсилната европска кошаркарска Евролига ги потврди домаќинствата за израелските клубови за претстојната сезона. Макаби Тел Авив ќе продолжи како и досега да игра натпревари од Евролига во Белград, во салата „Александар Николиќ“ поради тоа што во Израел од безбедносни причини веќе пар сезони не може да се игра кошарка.
- Хапоел Јерусалим ќе игра Еврокуп исто во Белград, но во салата „Ранко Жеравица“ на Нов Белград. Хапоел Тел Авив предложил да ги игра натпреварите во Арена 8888 во Софија со можност некои дуели да биде домаќин и во „Арена Ботевград“ во случај софиската сала да е зафатена.
- Израелските екипи веќе две сезони играа на алтернативни места поради безбедносни причини поради војните во тој регион.
- Фудбалскиот судија Хавиер Ортега (48) бил убиен на терен за време на аматерски натпревар одигран во Пасахе, Еквадор.
- Играчите и навивачите вриштеле и барале да се засолнат, а судијата починал на лице место.
- Вооружените лица веднаш избегале и сè уште се на слобода.
- Во декември лани, еквадорскиот репрезентативец Марио Пинеда беше убиен во пукотница, а неговата мајка ранета додека излегувала од месарница во населбата Саманес во Гвајакил. Двајца осомничени мажи беа уапсени.
- Некогашниот легендарен германски голман кој стана симбол на Баерн Минхен, Оливер Кан изразил свое мислење по повод Мундијалот кој летово ќе се одржува во САД, Мексико и Канада.
- „Во САД сега се случуваат многу нешта кои веќе не одговараат на нашите вредности. Еден од примерите е војната (во Иран). Но јас не сакам да прелистам што се Доналд Трамп направи од моментот кога се врати на претседателската функција. Сега невозможно е да се отиде таму во добро расположение“, рекол Оливер Кан.
- Како да подзаборавил дека и Германија е во воен блок и дава воена помош на други држави.