- Мислевме дека нашиот фудбал ќе се ослободи од „канџите“ на примитивизмот, комбинациите, пороците на стариот систем. А само да се потсетиме дека имавме докажан обид на поткуп, обвинување за обид за поткуп на судија, истапување на клубови од натпреварувањето, прекини на натпреварите, нерегуларни натпревари, недостаток на ВАР...
- Но, денес Арсими и Башкими како да нè потсетија дека не се излегува така брзо и лесно од старите навики, стариот систем, „шемите“ за свое лично добро, а не за општото добро.
- Одбраната на кумановчани во Гостивар изгледаше како група на случајни минувачи, а голманот како лош актер во улогата на безначаен статист.
- Цел аудиториум виде каков тип на натпревар одиграа Арсими и Башкими и колку само го нарушија имиџот на мак-фудбалот, пишува Гол.мк
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.