- Кога ја презедов селекторската палка се фатив за многу тешка работа и донесов храбра одлука, затоа што цела јавност шпекулираше и беше сигурна дека после нашата генерација ќе се случи потоп и ќе не нема на големите натпреварувања. Бевме во Унгарија, Полска и ќе одиме и во Германија. Тоа беше и основната цел.
- Не може било кој селектор во десет дена да ги промени основните карактеристи на нашите играчи кои што ги имаат. Имаме 6-7 играчи од генерацијата 2002-2003 и сме најмладата репрезентација на СП, што е одлика на гордост.
- Мислам дека на моите играчи многу им сметаа коментарите и се бориме заедно со нашиот стручен штаб и психологот, меѓутоа тешко оди, нови генерации се. Секој има право демократско право да коментира, само да има мерка.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.