- По трите порази од Данска, Црна Гора и Словенија на ЕП 2022, Кире Лазаров како селектор доби речиси невозможна мисија за поправен на ждрепката за ЕП 2024.
- На следниот континентален собир закажан за 10-28 јануари во Германија, Македонија ќе ги вкрсти копјата со двете велесили Франција и домаќинот Германија, како и со Швајцарија, а две одат во втора фаза.
- „Добивме екстремно тешка група за Европското првенство. Ќе работиме напорно во наредниот период за да го подигнеме нашето ниво во следниот период, се со цел достоинствено да се бориме со светските велесили“
- Ќе звучи навистина нескромно да се биде оптимист во ваква група, но не треба да се губи надеж. Треба да направиме многу жртва и треба голема посветеност за да направиме нова, компетитивна репрезентација со целосна промена во генерациите. Јас верував во овие момци и тоа што го работиме“, изјави Лазаров по ждрепката.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.