Веста за четворица познати скијачи најпрвин исчезнати во страшната лавина која во понеделникот на 24-ти март се случила на планинскиот масив Кутнис (Kootenays), источно од езерото Касло (Британска Колумбија, Канада) го потресла светот на скијањето а исходот на потрагата бил трагичен:
Тројца светски познати професионални скијачи во слободен стил: Џеф Кинан, извршниот директор на The North Face Алекс Пашли и водичот Џејсон Ремпл биле пронајдени загинати. Четвртиот член на екипата, 40-годишен маж од Нелсон бил тешко повреден и уште е во критична состојба.
Несреќата се случила близу басенот Клут Крик, на терен на кој управувала компанијата за скијачки и борд тури Стелар Хели Скиинг. Четворицата мажи чекале да ги собере хеликоптер по денот поминат на планина. Лавината која што ја воочил пилотот кој се приближувал до тоа подрачје, ја изненадила групата околу 12.30 часот во понеделникот. Според сајтот Аваланш Канада, дента кога се случил инцидентот тие објавиле високо ниво на опасност од лавини (4/5) поради тенките снежни слоеви, порастот на температури и неодамнешни акумулации.
Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
„На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
„Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.