- Една од најгрдите сцени во македонскиот спорт во која полицаец со сиот памет нападна ракометар со пендрек во глава, го добива реалниот епилог.
- Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полицаецот од Охрид кој го удри Филип Талески, под сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.
- Во соопштението на МВР стои дека при вршење на службата, со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него.
- Легендарниот голман и капитен на репрезентацијата на Бугарија и долгогодишен претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Михаилов починал утрово во Софија. Тој почина на 63 години после долго боледување.
- Михаилов од минатата година беше во вештачка кома и не успеа да преживее и покрај големите напори од лекарите и најблиското семејство, пишува бугарски ДСпорт.бг.
- Борислав имаше 102 натпревари за репрезентацијата и важи за најдобриот голман во историјата на Бугарија. Неговиот син Николај Михаилов исто така беше голман и капитен на бугарската репрезентација а токму тој ја соопштил тажната вест за татко му.
- Михаилов бранеше за Бугарија на Мундијалот 1986 во Мексико каде запиша 4 настапи и на кулното Светско првенство 1994 во САД каде Бугарите направија чудо, стигнаа до полуфинале а Борислав претходно во четвртфиналето против Мексико ги спаси со две бравурозни одбрани. Бранеше и за Левски, Белененшеш, Мулуз, Ботев, Рединг, Славија и Цирих.
- Од 2000-та беше член на Извршниот одбор на Бугарскиот фудбалски сојуз а од 2005-та го избраа за претседател, функција која ја вршеше цели 18 години пред да ја напушти функцијаа поради болест.
- Англиската фудбалска јавност чека да види дали Тотенхем и официјално ќе го претстави Роберто Де Ѕерби за нов тренер, односно в.д. тренер и спасител до крајот на сезоната.
- Тотенхем (30 бода на 31 натпреваР) игра срамна сезона во Премиер лига и се наоѓа на само 1 бод од опасната зона за испаѓање во втора лига. На 7 кола до крајот ќе се борат за опстанок заедно со градскиот ривал Вест Хем (29 бода).
- Управата на Спарс е во преговори со италијанскиот стручњак кој ги водеше со голем успех Сасуоло, Шахтјор Доњецк, Брајтон (го однесе во еврокупови) и Олимпик Марсеј.
- Поранешни играчи и тренери на Тотенхем имаат различни мислења за Де Ѕерби. Повеќето велат дека неговите екипи играат убав фудбал, отворен, брз и напаѓачки но дали е тоа тоа што во моментов му треба на лондонскиот клуб.
- Тотенхем неодамна го отпушти Игор Тудор по серијата порази и мизерни настапи на Тотенхем кој до крајот го чекаат средби со Сандерленд, Брајтон, Вулверхемптон, Астон Вила, Лидс Јунајтед, Челси и Евертон. Дали е Де Ѕерби спасот?