- Зоран Пусиќ од хрватската Антифашистичка лига во саботата му пратил допис со молба лично на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, Владата да не го вика контроверзниот Марко Перковиќ Томпсон да пее на дочекот на хрватската ракометна репрезентација, затоа што тој посебно меѓу младите во денешна Хрватска е симбол на усташство.
- Претходно министерот за туризам и спорт на Хрватска Тончи Главина изразил желба во име на Владата на Хрватска Томпсон да биде присутен и да пее на дочекот на Хрватите.
- Хрватска го загуби големото финале на Светско првенство против Данска убедливо 32:26, а пречекот на ракометарите по повод новото светско сребро е закажан за понеделник вечер во Загреб.
- Марко Перковиќ Томпсон долги години беше оспоруван и забрануван во Хрватска и други земји (Австрија и Германија) поради воено-хушкачки текстови во песните и е често поврзуван со нацистичката идеологија.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.