- Во рамки од новото коло од хрватската фудбалска лига (ХНЛ) утре од 17:30 лидерот Хајдук Сплит ќе гостува кај Локомотива Загреб.
- Сплитските „били“ имаат 39 бода и се на прво место но имаат еден меч повеќе од второпласираната Ријека која има 32 бода и два меча повеќе од Динамо Загреб кој е трет со 30 бода.
- За мечот со Локомотива Загреб, на благајните на овој клуб биле пуштени влезници во продажба. Меѓу навивачите на Хајдук кои студираат, работат и живеат во Загреб често е проблем да се купи карта и да се избегне средба со навивачи на Динамо Загреб. Така синоќа бил нападнат еден млад дечко кој бил од Загреб но купувал карти за негови роднини од Сплит, навивачи на Хајдук.
- Овој проблем датира одамна и во хрватската јавност се поставува прашањето зошто целосната продажба не оди онлајн на интернет туку мора да се чекаат долги редови по студено време за парче хартија.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.