- Горан Кипријановски Кипре, кој е еден од најпрепознатливите македонски навивачи, за 24 ракомет се јави од ракометниот Мундијал.
- „На г-дин Јануш Козиол, кој е одговорен и за спортот во Краков и околината му подарив дрес од македонската ракометна репрезентација, сувенири и брошури од Македонија, како и капитенско знаменце од Одбојкарската Федерација на Макеоднија, а по повод следното првенство во одбојка за мажи кое ќе се одржи годинава во 3 држави, меѓу кои и Македонија“.
- „Од самиот гест, тој беше пријатно изненаден и како знак на благодарност добив подарок, како и два билета за два натпревари (Чиле-Иран и Шпанија-Црна Гора) во ВИП претседателската ложа во Таурон Арената“.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.