- По објавата за пензија, 41-годишниот великан на белиот спорт, Роџер Федерер добива безброј пораки од целиот свет.
- Швајцарецот следната недела ќе настапи на ревијалниот турнир во Лондон каде ќе се сретнат Тим Европа и Тим Свет. Федерер ќе игра во екипа со Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, а настапот на Рафа Надал во поединечна конкуренција се уште е под знак прашалник.
- Британски медиуми пишуваат дека картите за Лејвер Купот кој ќе се одржи од 23 до 25 септември одат на сајтот за препродажба на карти „Stubhub“ а највисоката цена стигнала и до 68.000 евра.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.