- Енис Барди доби раскин на договорот со Трабзонспор и стана слободен играч откако неколку месеци беше изолиран од првиот тим и тренираше индивидуално.
- Плејмејкерот во меѓувреме доби нова понуда од Шпанија, каде претходно со голем успех го носеше дресот на Леванте.
- Има понуди и од Леганес и од Рајо Валјекано, но последните информации говорат дека Еспањол е најблиску до неговиот потпис.
- Баерн Минхен бележи неверојатен пораст од 400% во онлајн нарачките на дресови од Колумбија, откако Луис Дијаз лани стана нивен играч.
- Колумбија во моментов е најбрзорастечкиот пазар на Баерн и клубот го користи овој огромен маркетиншки потенцијал со крилниот напаѓач, кој е инаку во топ 5 играчи на Баерн во светот во однос на продажбата на дресови оваа сезона.
- Дијаз е претставен како амбасадор на брендот на каналите на клубот на шпански јазик. Бројот на посетители на онлајн продавницата на германскиот гигант во јужноамериканската земја се зголемил за 200%.
- Британската полиција соопшти дека судија со значка на УЕФА кој судел европски натпревар на островот пред неколку дена сексуално нападнал тинејџер.
- Полицијата соопштува дека манијакот има 30-ина години, а обвинет е дека насилно го допирал и присилувал младиот тинејџер да оди во неговата хотелска соба.
- Момчето пријавило напад, а полицијата чекала после натпреварот судијата да се врати во хотелот за да го уапси.
- Тој требал да суди и на овогодишното Светско првенство во САД, Мексико и Канада. УЕФА додека трае истрагата го суспендирала судијат на неопределено време и тој нема да суди во догледно време УЕФА натпревари.
- Го чека евентуална затворска казна во Британија ако се докаже вина.