Како до втор круг, што ѝ треба на Македонија?
20 јануари 2026
- Македонската ракометна репрезентација вечерва против Романија игра за пласман во следната рунда, односно вториот круг на Европското првенство.
- Што ѝ е потребно на Македонија за да обезбеди главна фаза на ЕП? Шансите се мали, но:
- Македонија треба да надокнади 19 голови разлика во однос на Португалија. За тоа ќе ни треба помош и од Данска, која тееба да ја совлада Португалија што е можно поубедливо. На пример, ако Македонија ја совлада Романија 10 разлика, тогаш Данска треба да слави против Португалија со 9.
- Постои и теоретска можност збирната разлика да биде 18, со што Македонија и Португалија би биле израмнети по гол-разлика. Но тогаш одлучува бројот на постигнати голови, а тука Македонија не е во поволна позиција.