Каде ќе продолжи Леброн?
12 мај 2026
- На 41 година еден од најголемите кошаркари на сите времиња, трофејниот Леброн Џејмс од летово е слободен агент и има широко отворени можности за понатаму.
- Може да се повлече и да го „зајава зајдисонцето“ со една од најславните кариери некогаш. Може да се врати во Лејкерс и да продолжи да игра со син му. Но ако реши да го напушти Лос Анџелес, работите стануваат интересни.
- Најмногу се зборува за негово враќање во Кливленд Кавалирс, неговиот матичен клуб во НБА со кого освои шампионски пехар, а се зборува и за евентуална селидба во Голден Стејт Вориорс.
- Со Донован Мичел, со Мобли, Ален и Џејмс Харден Кливленд Кавалирс би направил многу сериозна банда за титиула. А притоа е и добар другар со Стеф Кари, со Драјмонд Грин и со Стив Кер со кого освои злато на Олимписките Игри 2024 во Париз.