Ја одбил Индијана Пејсерс за да заигра во Партизан
14 август 2026
- Американската јавност е изненадена со одлуката на Итан Томпсон да ја напушти Индијана Пејсерс каде минатата сезона одигра 32 натпревари и во просек имаше по 7 поени. Минатата сезона му беше прва во НБА на Итан Томпсон а претходно настапуваше за развојните клубови на Чикаго Булс, Орландо Меџик и Мајами Хит во Г-развојната лига.
- Партизан договорил соработка со 27-годишниот бек а во црно-белиот дрес ќе им се придружи на Карлик Џонс и некогашниот кошаркар на Кливленд Кавалирс Ламар Стивенс.
- „Парите во Србија можеби се добри, но дали е Србија Индијана? Немојте да одговарате на тоа прашање. Иако е уште под договор со Индијана Пејсерс, Итан Томпсон намерува да потпише договор со српскиот клуб. Томпсон во моментов има „двонасочен“ договор со Индијана но по сè изгледа ќе бара раскин со цел кариерата да ја продолжи во Европа“, вели новинарот Тило Вајдер.