- Катарскиот портал Ал Раја тврди дека хрватскиот селектор Златко Далиќ кој прави чудесни резултати со хрватската репрезентација, наводно се договорил со Катарците да ја поведе нивната селекција.
- Овој извор тврди дека Златко Далиќ ќе го замени досегашниот селектор на Катар Шпанецот Феликс Санчез Лопез и веднаш ќе започне со работа во пресрет на Гулф Купот кој се игра во Кувајт.
- Далиќ со ХНС е под договор со летото 2026 и прашање е како ќе се постави хрватскиот фудбалски сојуз. Според договорот тој треба да ја води репрезентацијата во завршницата на Лига Нации, во квалификациите за Светско првенство 2026 но и на самиот Мундијал 2026 во Северна Америка ако „коцкестите“ се пласираат таму.
- Далиќ ја води Хрватска од октомври 2017-та година. Освои сребро на Светско првенство 2018 и бронза на Светско 2022.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.