Ибра ќе стане стручен коментатор за Светско
18 март 2026
- Легендарниот Златан Ибрахимовиќ ќе и се приклучи на телевизијата Фокс Спортс како стручен аналитичар за време на Светското првенство кое летово ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
- Ибракадабра ја заврши својата играчка кариера во 2023-та како најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Шведска и остави длабока трага во светскиот фудбал.
- Во својата богата кариера постигна повеќе од 670 гола и освои 34 трофеи во гигантите Ајакс, Барселона, ПСЖ, Милан, Јувентус, Интер и Манчестер Јунајтед. Кариерата ја почна во родниот Малме.
- Веќе неколку години работи како советник на управата на Милан а сега за првпат ќе биде во улога на стручен коментатор и тоа во студио со легендарниот Тиери Анри.