- Фудбалската судбина е чудна и необична. Така на 40-годишниот голман на Милан Антонио Миранте му се погоди својот прв старт од почеток после две годин да го има во големото дерби против Јувентус.
- Миранте е трет голман на Милан по неприкосновениот Французин Меињан и по резервниот втор голман, Марко Спотиело. Првиов во минатото коло доби црвен картон на мечот со Џенова каде бранеше Жиру на крајот, а вториот во меѓувреме се повредил, па Милан останал на само еден искусен голман.
- 40-годишниот Миранте последен пат бранел во Серија А на 18 април 2021-ва година кога го чувал голот на Рома во поразот од Торино. Во декември 2022 бранел за Милан на пријателска против ПСВ (пораз 3:0 во Ајндховен). Резерва на Миранте на дербито со Јувентус во недела ќе му биде 19-годишниот Лапо Нава кој важи за голем талент.
- Миранте е дете на Јувентус а бранеше и за Кротоне, Сиена, Сампдорија, Јуве, Парма, Болоња и Рома.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.