- После 18 години и 11 месеци, заврши серијата од двоцифрен број на поени на Леброн Џејмс, која траеше на неверојатни 1.297 меча или поточно од јануари 2007 година.
- Најдобриот стрелец во НБА историјата со 42.268 поени, овој пат постигна 8 поени (4/17 од поле) на мечот против Торонто Репторс, кој Лејкерси го добија со 123-120.
- Ова е само деветти пат во неговата кариера да постигне едноцифрен број поени во регуларниот дел сезоната. Последен пат тоа му се случи на 6 јануари 2007 година.
- Љубителите на фудбалот во Бугарија, а пред сè навивачите на ривалските клубови ЦСКА и Левски Софија се обединија во акцијата за собирање средства за помош при лекување на фудбалските легенди Љубослав Пенев и Борислав Михајлов.
- На педесет и девет годишниот легендарен центарфор Љубо Пенев му е откриен рак на тестиси кој веќе бил во поодмината фаза, за што зборувал неговиот долгогодишен менаџер и пријател од Шпанија кој рекол дека Пенев е во болница во Германија на лекување, дека ослабнал 30 килограми како и дека е во мошне тешка состојба. Пенев ја започна кариерата во ЦСКА Софија чија клупска легенда е. Потоа блескаше во шпанскиот фудбал во дресовите на Валенсија и Атлетико Мадрид.
- Пенев за Бугарија одигра 62 натпревари и постигна 14 гола. По крајот на играчката кариера беше тренер, од 2009 до 2024 водеше повеќе бугарски клубови а беше и селектор на Бугарија од 2011 до 2014. За неговото лекување во Германија 300.000 евра собрале поранешни фудбалери и симпатизери на бугарската репрезентација предводени од Стилијан Петров.
- Легендарниот голман на Бугарија, пак, Борислав Михајлов кој бранеше на фамозното Светско 1994 кога Бугарите завршија трети, веќе неколку дена е во кома. Тој бил донесен во тешка ситуација по активирана цироза, бил дезориентиран после што лекарите во софиска болница решиле да го стават во интубација.