- Новак Ѓоковиќ го совлада Американецот Томи Пол со 3:0 по сетови 7:5, 6:1, 6:2 и брзински се пласираше во големото финале на Австралија Опен.
- Ќе биде тоа вкупно 33-то негово Гренд Слем финале а вкупно 10-то јубилејно во Мелбурн каде има 9 титули и е апсолутен рекордер. Во битка за трофејот го чека Гркот Стефанос Циципас кој претходно со 3-1 во сетови го совлада Русинот Карен Хачанов.
- Ќе се игра 13-ти меѓусебен дуел меѓу нив двајца, а српскиот тенисер води 10-2. Финалето е во недела наутро од 9:30 по средноевропско време.
- Миленикот на скопските Комити, Црногорецот Вуко Борозан пред неколку недели по втор пат го напушти Вардар 1961. Се очекуваше да најде ангажман во странство, се споменуваа и арапските земји или клуб од Западна Европа, но на крајот Борозан реши да остане таму каде што му е најубаво, во Македонија.
- Негов нов клуб ќе биде РК Охрид кој ги продолжува неверојатните ангажмани на трансфер пазарот со цел да ги исполни амбициите да се бори за шампионските трофеи во догледно време.
- Борозан беше дел од големите успеси на Вардар на домашна и меѓународна сцена и прашање е како навивачите ќе реагираат на овој чекор.
- Боксерот Ален Рустемовски и бодибилдерката Катерина Попева ги добија највисоките признанија на традиционалната манифестација „Спортист на годината 2025“, која се одржа во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.
- Рустемовски до признанието „Спортист на годината“ стигна по освојувањето на сребрен медал и вицешампионската титула на ЕП У23 во Ереван. Во изборот, тој беше подобар од номинираните Енис Барди, Стефан Михајловски, Андреас Трајковски и Владимир Егоров.
- Во женска конкуренција, титулата најдобра спортистка ѝ припадна на Попева, која лани стана шампионка на Светското првенство во фитнес и бодибилдинг во Санта Сусана (Шпанија). За признанието беа номинирани и Ангела Мојсовска, Александра Марковска, Катерина Ацевска и Сашка Колеска.
- Министерството за спорт традиционално ги додели и стипендиите „Спортска надеж“ на 500 талентирани млади спортисти, македонски репрезентативци. Свеченото доделување на стипендиите се одржа во МОБ, во склоп на манифестацијата „Спортист на годината 2025“.