- Покрај фудбалот, и европската кошарка не остана имуна на слатките искушенија од арапскиот свет, па така раководството на Евролига одлучи Фајнал Форот, завршницата (полуфинале и финале) да се игра во Абу Даби (Обединети Арапски Емирати), на друг континент.
- Никого во Евролига не го интересира како навивачите на клубовите кои ќе обезбедат настап на Ф4 ќе се организираат со сместување, карти, авионски летови и триста други потрепштини за ваков еден пат до далечниот Абу Даби.
- Досега Евролига организираше борба за пехарот во европските градови, а откако Дубаи основа свој кошаркарски клуб (игра и во јадранската АБА лига), челните луѓе на европската кошарка ги начулија ушите да видат какви предлози има од Обединети Арапски Емирати.
- Абу Даби за организација на Ф4 турнирот понудил 25 милиони евра. Од 13 клуба со право на глас, 11 гласале за Абу Даби а само два против (Реал Мадрид и Олимпијакос).
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.