- Албанската фудбалска федерација е казнета поради организациски пропусти и инциденти на натпреварот со Србија, кој се одигра на 7 јуни во Тирана во рамките на квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
- ФИФА објави дека Албанија ќе мора да плати 173.000 евра, а причината за тоа се навредите и фрлањето предмеди со кои беа погодени неколку српски репрезентативци.
- Покрај паричната казна, 20 проценти од стадионот ќе бидат затворени за натпреварот со Летонија на 9 септември.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.
- И покрај тоа што беше веќе потврдено дека некогашниот капитен и легенда на Севиља и Реал Мадрид ќе купи мнозински пакет акции во андалузискиот клуб, луѓето од клубот се откажале и ги допратиле до врата. „Договорот е прекршен и пропадна“, така рекол извор од клубот Севиља за последниот состанок меѓу инвестициската група на Серхио Рамос и луѓето од клубот.
- Рамос и неговите партнери претставиле значајни измени на договорот постигнат на 12-ти мај во кој се обврзале дека ќе платат 450 милиони евра, ќе го смалат признатиот јавен долг од 88 милиони евра за 80% од акциите на клубот“, рекол неименуван извор и додал: „Рамос после дојде со нова идеја: да купи околу 30.000 од акциите за 100 милиони евра, а договорот беше да купи 86.000 акции. После ова групата на Рамос предложила да ја зголеми сумата на 120 милиони но за 42% од акциите.
- „Бевме шокирани зошто сакаше да ја купи Севиља за едвај речиси 100 милиони евра, па после да изврши зголемување на капиталот од нешто повеќе од 100 милиони евра и на акционерите да им плати многу помалку. После ова состанокот беше распуштен“.