- „ФИФА препорачува поднесување на апликацијата за виза што е можно порано. Тие што купиле биле за СП 2026 имаат право на неодамна објавениот систем за закажување приоритетни состаноци на ФИФА (FIFA PASS) кога ќе стане достапен во наредните недели. Билет за натпревар на Светско не гарантира влез во земјата домаќин“, се вели во дел од соопштението на ФИФА, откако американскиот претседател Доналд Трамп порача дека е против одредени земји да ги посетуваат САД, со што вкупниот број оваа недела достигна 75.
- Трамп ја објави одлуката на неговата администрација „на неодредено време“ да ги паузира апликациите за граѓани од 75 земји, што влијае на околу две милијарди луѓе низ целиот свет, во наводен обид дополнително да го ограничи нивото на имиграција во САД.
- Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем претходно го објасни образложението за забраните во остра објава на Твитер:
- „Тукушто се сретнав со претседателот. Препорачувам целосна забрана за патување за секоја проклета земја што ја преплавува нашата нација со убијци, пијавици и зависници од права“.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.