- Сè во зависност колку „струката“ од Фудбалската федерација на Македонија е спремна да го одврзе ќесето и да одвои голем дел од колачот за реномиран тренер кој како наследник на Благоја Милевски ќе знае да ги води Елмас, Барди и другарите.
- Македонската фудбалска репрезентација има квалитет да биде на европската мапа, потребен е само добар предводник на овие момци. Во моментов има голем број слободни стратези од регионов и од странство. Твитер профилот @MacedonianFoot_ пишува дека еден од кандидатите е Владан Милојевиќ, човек кој направи историски резултати со Црвена звезда во Лига на шампиони и Лига Европа.
- На листата на реномираниот германски сајт Трансфермаркт.де има повеќе од 10 страни со слободни тренери, познати фудбалски имиња.
- Претседателката на Мексико Клаудија Шејнбаум пред неколку дена изјави дека Мексико е спремен да го одржи Светското првенство и дека не постои никаков ризик од одложување и преместување натпревари поради честите криминални пресметки меѓу бандите и полицијата.
- Но Светскиот Куп за скокови во вода закажан за следната недела во Мексико е откажан од безбедносни причини. Натпреварувањето требаше да се одржи од 5-ти до 8-ми март во градот Сапопан во близина на Гвадалахара во државата Хелиско. Но токму во оваа држава од минатата недела изби масивно насилство на бандите по убиството при обид за апсење на Намесио Осерега Сервантес познат како „Ел Менчо“, најпознатиот водач на озлогласениот нарко-картел „Халиско Нова генерација“ (CJNG).
- Бандитите веќе неколку дена палеле автомобили и блокирале улици со запалени автобуси во речиси 12 мексикански држави а властите тврдат дека најмалку 70 лица загинале во престрелките со полицијата.
- Најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид и во историјата на репрезентативниот фудбал, Кристијано Роналдо купил 25% од акциите на шпанскиот второлигаш Алмерија.
- Португалецот кој игра за Ал Наср купил пакет акции преку неговата фирма CR7 Sports Investments. Роналдо на крајот од 2025-та стана првиот фудбалер-милијардер. Неговото богатство се проценува на 1,4 милијарда долари.
- Шпанскиот клуб АЛмерија е на трето место во втората лига Сегунда дивизион со одлични шанси до крајот на сезоната да обезебди пласман во елитната Ла Лига.
- Огромно задоволство од влегувањето на Роналдо во Алмерија изразил и првиот човек на клубот, Мохамед Ал Кереиџи, сопственик на садуиската СМЦ Група.