- Прославениот литвански ас Шарунас Јасикевичиус е нов тренер на турскиот гигант и некогашен европски првак Фенербахче. Тој доаѓа на местото на Гркот Димитирс Итудис кого Фенербахче го отпушти пред неколку дена.
- Јасикевичиус добил договор до крајот на сезоната 2025/2026. Тој е роден во 1976-та година, играше за Лиетувос Ритас, Унион Олимпија, Барселона, Макаби Тел Авив, Индијана, Голден Стејт Вориорс, Панатинаикос, Жалгирис и Фенербахче.
- Како играч четири пати ја освои Евролига. Тренерската кариера ја почна како помошен тренер во Жалгирис во 2014-та а две години подоцна стана и прв тренер на литванскиот гигант. После четири години на клупата на Жалгирис замина во Барселона со која три пати играше на Фајнал Фор но не стигна до евро трофејот. Во Шпанија освои две титули во АЦБ лигата и два Суперкупа.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.