- Босанскиот портал bhbasket.ba објави дека на ден пред четвртфиналниот дуел на ЕП против Полска, Словенците се пијанчеле до 5 сабајле и ја сокриле бурната забава.
- За скандалот се огласи Кошаркарската федерација на Словенија која возврати дека тоа се невистинити и злонамерни обвинувања.
- „Ел Чоло“ Симеоне сигурно ќе го води Атлетико Мадрид и следната сезона: договроот кој истекуваше во јуни 2027-ма предвидувал и клаузули кои му давале на тренерот и на клубот можност да го раскинат предвреме. Сега тие клаузули се избришани и Симеоне ќе го води Атлетико 16 сезони по ред!
- Во Европа во моментов подолготраен на клупата на еден ист клуб е германскиот тренер Франк Шмит кој го води Хајденхајкм од 17-ти септември 2007-ма односно цели 19 сезони по ред! Договорот на Шмит со Хајденхајм важи до јуни 2027-ма. Тој го водел клубот од петта аматерска лига до елитната Бундеслига.
- Пеп Гвардиола е трет на листата најдолготрајни тренери во Европа. Тој го води Сити 10 сезони по ред уште од јули 2016-та. Микел Артета е седма сезона по ред на клупата на Арсенал а договорот и нему и на Гвардиола им истекува во јуни следната 2027-ма.
- Македонското ракометно дуо со богата меѓународна кариера и официјално се суспендирани на две години од ЕХФ, плус парично казнети со по 5.000 евра поради манипулација со фитнес тестовите пред стартот на последното Европско првенство.
- „Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, „Спортрадар“, Ракометниот суд заклучи дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции.
- Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување“, стои во дел од соопштението на ЕХФ.