- Долгогодишниот тренер на италијанскиот трофеен клуб Милано, Еторе Месина дал оставка на тоа место. Напишал отворено писмо до клубот и јавноста. Вели дека не сака веќе да биде постојан повод за поделби и нарушена атмосфера во екипата.
- „И кога се посветив да работам најдобро што можам, секоја околност вртеше во можност да се отвори референдум за или против мене лично. Од оваа причина решив да ја тргнам ситуацијата која стана извор на голема тензија за мене и му штети на тимот и клубот“, рекол Месина кој останува во клубот како советник на претседателот.
- Месина на клупата на Олимпија Милано седна во 2019-та година кога реши да се врати од Сан Антонио Спарс каде му беше помошен тренер на Грег Попович.
- Неговото место го зазема неговиот помошник Пепе Поета кој во среда вечер ќе ја води екипата на дуелот против Макаби Тел Авив во белградската сала „Проф. Александар Николиќ“.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.