- Откако во јануари беше отпуштен од Рома на која и донесе прв историски пехар во еврокуп, Жозе Мурињо мируваше неколку месеци. Се до моментот кога му се јавиле од Истанбул.
- Мурињо брзо се договорил со Фенербахче чиј тренер ќе биде во следните две сезони според договорот до 2026. Жозе во Фенер го договорил спортскиот директор на клубот, Марио Бранко кој му е исто сонародник од Португалија, пишува најдобриот италијански новинар Џанлука Ди Марцио.
- Фенербахче сезонава до крај се бореше за титулата со најголемиот ривал Галатасарај но на крај заостана три бода. 61-годишниот Мурињо во Фенер ќе се најде со Един Џеко кому му беше тренер во Рома извесен период.
- Македонија доби светски шампион во карате. Штипјанецот Марко Џорлев го освои златниот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година во Бјелско-Бјала, Полска.
- Членот на македонската репрезентација во финалето го совлада Адам Ваги од Унгарија со резултат 4:1.
- Неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски од Карате клубот „Штип“ ја објавија победата на социјалните мрежи.
- „Македонија има светски шампион, Штип има светски шампион, Карате клуб „Штип“ има светски шампион. Радувај се, Македонијо. Фала му на Господ за сѐ“, напишаа тие.
- Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, исто така му го честиташе успехот на младиот каратист, оценувајќи дека златниот медал е гордост за градот, државата и клубот.
- Македонските ракометни гиганти не ја започнаа европската сезона според очекувањата. Вардар и Пелистер, двата најтрофејни и најамбициозни македонски претставници на меѓународната сцена, по седум одиграни натпревари во европските купови сè уште немаат ниту една победа.
- Билансот е загрижувачки: шест порази и едно реми. Вардар има четири порази во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер во три настапи во Европската лига забележа два пораза и едно реми. Така, по првите европски предизвици, двата македонски претставници се најдоа во ситуација во која итно им се потребни подобри резултати.
- Вардар изгуби од Мелсунген на гости 33-31, од Нант дома 32-33 и од Висла Плоцк дома во Скопје 26-32. Вардарци не освоија ниту еден бод иако против Нант дома и Висла во Полска имаа шанси во завршниците да избегнат пораз.
- Еурофарм Пелистер игра во второто по ранг натпреварување, во Европската лига на ЕХФ. После 3 кола немаат триумф: изгубија дома убедливо од шпанска Ла Риоах 24-31, одиграа нерешено 31-31 на гости кај Вибжеже Гдањск а дома претрпеа тежок пораз од германски Гумерсбах 28-38.
- Сево ова значи дека двата најгоелми и најтрофејни македонски клубови на вкупно 7 натпревари во Европа сезонава имаат дури 6 порази и само 1 реми. Без победа.
- Притоа од еврокуповите е елиминиран и РК Тиквеш па во ЕХФ Европскиот Куп ќе играат Алкалоид, РК Охрид и РК Бутел.