- Откако во четвртфинале на Лига на шампиони сезонава Манчестер Сити го исфрли РБ Лајпциг и се пласираше во полуфинале, Пеп Гвардиола имаше супер интересна прес конференција.
- Од нигде никаде Пеп тогаш рече: „Имам три идоли во живоот: Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Робертс. Џулија дури и дојде во Манчестер пред неколку години, не во ’90-те кога Сер Алекс Фергусон освјуваше титули и титули и титули. Дојде во градот во периодот кога ние бевме подобри од Јунајтед во тие четири-пет години и отиде кај нив на гости не дојде кај нас. Дури и ако освојам Лига на шампиони, не може да се спореди тоа со болката дека Џулија РОбертс дојде во Манчестер и не дојде да не види нас.
- Во саботата вечер Пеп Гвардиола и Манчестер Сити освоија Лига на шампиони во финале против Интер (1:0) а Џулија на својот Инстаграм профил објавила фотографија од Пеп со големиот пехар и натпис: „Честитки Пеп Гвардиола за тоа што го одведе твојот тим до трофеј во ЛШ“. За 11 часа има повеќе од 106.000 лајкови.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.