- Со сиот силен тим, реномето кое го имаат, како и финалисти на двата последни Мундијали од кои едниот го освои, по сè изгледа само на селекторот на Франција Дидие Дешамп, не му е јасно дека на првенството се тапа џонс.
- Во напад ги има Мбапе, Гризман, Жиру, Дембеле и Турам кои заедно имаат постигнато 1 гол од пенал и пак не трпи критики за играта.
- Дали ги разбирате критиките за вашата здодевна игра? Гласи прашањето од шведски новинар во пресрет на полуфиналето со Шпанија, кое беше скроз на место. Но проработе суетата.
- Ти си Швеѓанец, дали си сигурен? Секако дека живееш во Франција! Ако ти е досадно, гледај нешто друго, нема врска. Тоа е посебно ЕП за секого, со помал број на голови отколку во минатото. Имаме способност да споделуваме емоции, да ги израдуваме луѓето во Франција со нашите резултати. Сега, ако на Швеѓаните им е досадно, не ми е премногу важно, одговори Дешамп кој е во заблуда ако мисли дека само на Швеѓаните им е досадна оваа Франција.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.