- Легендата на југословенскиот фудбал и Црвена звезда, Драган Џајиќ се впушта во трка за прв човек на фудбалскиот сојуз на Србија.
- И сè би било нормално во оваа вест ако не се знае дека сериозен кандидат за предводник на фудбалскиот сојуз на Србија е и Немања Видиќ чиј противкандидат до пред неколку дена беше доскорешен министер за земјоделство во српската влада, Бранислав Недимовиќ.
- За тоа колку управувањето со фудбалот е сериозен бизнис говори и фактот што ниту Црвена Звезда ниту Партизан не го поддржаа Немања Видиќ, за прв човек на сојузот. Долгогодишниот капитен на Манчестер Јунајтед и име и презиме во светот на фудбалот веројатно влегол во борба со ветерници, а Џајиќ, велат некои коментатори, на свои 76 години би бил само привиден претседател додека одлуките би ги носеле луѓе од сенка.
- Еурофарм Пелистер утревечер со почеток во 18:45 часот, го очекува исклучително важен натпревар на домашен терен против полскиот состав Вибжеже Гдањск во рамките на Европската лига на ЕХФ. Мора да победат доколку сакаат да останат во трка за пласман во елиминациската фаза.
- Пелистер минатиот вторник играше со Гумерсбах, во четвртокот гостуваше во Автокоманда, утре го пречекува Гдањск, в сабота го чека домашна пресметка со Охрид, а веќе следниот вторник патува во Шпанија на можеби клучниот дуел против Ла Риоха. Тоа се пет меча за само 15 дена.
- „Ниту едно тело за кратко време не може да се одмори кога играте три дерби-средби. Тоа никогаш повеќе не смее да се случи и мора да се интервенира во распоредот, да се одложи меч од првенството, бидејќи тоа е добро за македонскиот ракомет, за играчите да се претстават најдобро што можат. Играчите не се животни, се уморуваат – ако немаат време за рекуперација, тогаш не можат да го дадат својот максимум. Ниту едно тело не може да го издржи ова. Но, тоа е што е, мора да размислуваме за Гдањск и за тоа како да победиме“, порача Червар.
- Италијанскиот тенисер, второпласираниот тенисер на светската ранг листа, ќе оди на операција во вторник во Финска каде што ќе го оперира коленото, пишува италијански Ил Џорнале (Il Giornale). Целиот зафат ќе го предводи хирургот Ласе Лемпаинен кој оперирал многу фудбалери и други спортисти досега.
- Синер најверојатно ќе паузира и ќе се опоравува најмалку до сезоната на земјена подлога на пролет а би можел да се врати дури пред Вимблдон односно точно на 1 година од неговиот последен натпревар кога во финалето на овој турнир го совлада Александар Зверев и освои нов Гренд слем.