- Уште поимпресивно е што една од главните улоги во големото финале на овој Мундијал ја имаа токму двајца играчи од новата генерација. Десниот бек Матиас Гитсел има 23 години, но е веќе искусен со големи титули и сега најдобар стрелец и МВП на мундијалот. Левиот бек Симон Питлик е уште понова ѕвезда има само 19 години, нема два и кусур метри, а сепак, решета од најклучната позиција.
- Македонија на последните три големи натпреварувања е во „смена на генерација“ и во надолен тренд. Загрижува пласманот, но, уште повеќе отворените прашања, дезориентираноста, играта и нервозата во националниот тим, распнат меѓу очекувањата и можностите, немоќен да се носи со посилните противници, но, ни со критиките од јавноста.
- Кога веќе ни „потонаа бродовите“ со репрезентацијата уште во првиот круг во Краков, за македонските ракометни фанатици како мелем на рана дојде признанието за најдобрата македонска судиска двојка да го суди големото финале.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.