- Мајкл Портер Џуниор и Арон Гордон кои имаа важна улога во освојувањето на НБА титулата на Денвер Нагетс, во подкаст зборуваат за Јокиќ.
- „Јокиќ тренира секое утро, ќе одигра натпревар, а потоа крева тегови по натпреварот. Работи редовно секој ден. И на сето тоа, тој е скромен. Кога имате двократен МВП и најкорисен играч на финалето на НБА кој е толку несебичен, тоа е како божји дар“, вели Гордон.
- „Тој е единствен. Кога ќе го гледате ноќ по ноќ, тој е најдобриот играч што некогаш сум го видел. Лудо е што може да направи. Порано беше добар, но не беше толку заинтересиран. Како е можно да се подобриш после МВП година? Годинава е уште подобар, а ние го освоивме прстенот. Разговарав со него и ми кажа дека во Србија пиел по шест пива дневно. Веројатно не ја ни допрел топката“ објаснува Мајкл.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.