- Експресно, само неколку часа откако го отпуштија новиот тренер Игор Бишчан кој беше прогласен за најголем виновник што Динамо Загреб во само неколку секунди упропасти водство од 0-2 и испадна од Лига на шампиони, „модрите“ најдоа нов тренер.
- Сергеј Јакировиќ како тренер го водел Зрињски Мостар до шампионска титула во БиХ. Сезонава ја почна како тренер на Ријека но Динамо Загреб искористил клаузула во договорот и за неколку стотици илјади евра го откупила договорот на Јакировиќ. Ова го налутило првиот човек на Ријека Дамир Мишковиќ кој бил шокиран како е можно тренерот да го предал клубот среде сезона.
- Откако раскрстија со Здравко Мамиќ (макар јавно и официјално), во управата на Динамо не знаат во кој правец се движи клубот и како без алфата и омега да изгубија компас. „Ќе го бараат Здравко“ се најчестите коментари на неутралните гледачи.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.