- Челси го претркал Манчестер Сити и другите конкуренти во трката за потписот на Датро Фофана.
- Фофана е 20-годишен центарфор од Брег на Слонова Коска кој игра за норвешки Молде. Во 2022-ра година Фофана има 15 гола и 5 асистенции на 23 настапи.
- Младиот Фофана кариерата ја почнал во родната земја, во клубот Абиџан Сити, па играл во АФАД Џекану за да во февруари лани во 2021-ва стигне во Норвешка и потпише со Молде. Игра како полушпиц, а одлично се сноаѓа и како центарфор во самиот шпиц од нападот.
- Во меѓувреме Челси има и пред-договор со 18-годишен Бразилец, Андреј Сантос од Васко де Гама кој игра во среден ред и кој сезонава во Бразил има 8 гола на 33 меча.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.