- Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на Фудбалската федерација на Македонија и тоа на специјална покана од првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.
- Во состав на делегацијата предводена од Чеферин се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на националните асоцијации.
- Првиот човек на европскиот фудбал ќе оствари средби на највисоко државно ниво, меѓу кои и со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски. По овие средби, предвиден е и работен состанок во просториите на ФФМ. Фокусот на разговорите е ставен на идните насоки за развој на фудбалот во земјава, со акцент на реализација на инфраструктурни проекти и унапредување на младинските категории.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.
- На рангирањето на УЕФА, Македонија е во група од седум земји кои моментално останаа само со еден претставник во Европа.
- Македонскиот фудбал на клупски план моментно е во ранг со земји како Лихтенштајн, Малта, Гибралтар, Црна Гора, Велс и Сан Марино.
- Вардар испадна од Рига, а Силекс од Динамо Минск во квалификациите за Конференциска лига. Само Шкендија уште е во игра на меѓународна сцена. В четврток во Скопје ќе играат реванш дуел против Браво од Словенија, кој има предност од 2:1 од првиот дуел.