Браќа Македонци ќе судат четвртфинале во женска ракометна Лига Европа
19 март 2026
- Македонските арбитри Методија и Михајло Илиевски ќе го имаат најголемиот предизвик досега во својата меѓународна кариера.
- Европската ракометна федерација ги делегираше за четвртфинален натпревар во Лигата на Европа кај дамите. Tие ќе го судат натпреварот меѓу данскиот Никобинг и германскиот Турингер што е закажан за претстојниот викенд.
- Никобинг и Турингер ќе играат на 22 март во „Спар Норд Боксен“ во Никобинг од 18:00 часот, а делегат на овој меч е Ваихе од Фарски Острови. За битолчаните Илиевски ова е уште еден важен меѓународен ангажман и доказ дека македонското судење и натаму има високо место во европскиот ракомет.