- На ждрепката за Лига Европа, Бешикташ за противници ги доби Ајнтрахт Франкфурт, Макаби Тел Авив, Лион, Малме, Бодо Глимт, Атлетик Билбао и Твенте. Израелските медиуми веќе почнале да пишуваат дека Макаби Тел Авив најверојатно ќе бара од УЕФА натпреварот закажан со Бешикташ во Истанбул да се игра на неутрален терен.
- Претседателот на Бешикташ, Усеин Јуџел отворено рекол: „Израел почна да лобира преку печатот. Нема да се предадеме. Не може да се игра на неутрален терен како на кошаркарските натпревари како што они си замислиле. Веќе од понеделник ќе почнеме да работи со УЕФА. Тоа (да се игра на неутрален терен со Макаби наместо на модерниот стадион на Бешикташ во Истанбул) е нешто што нема да го прифатиме. Ако се плашат, требало да се повлечат од турнирот наместо да не доаѓаат во Истанбул“.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.