- Колумбиецот Луис Диаз и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен. Потпиша договор до 2029-та година со неверојатна годишна плата од 14 милиони евра (верувале или не во Ливерпул заработувал 3,3 милиони евра, помалку од Костас Цимикас и Конор Бредли), а го земал и бројот 14 на дресот.
- За 28-годишниот крилен напаѓач Ливерпул добива 70 милиони евра плус 5 милиони евра бонуси. Ова е трета најскапа продажба во историјата на англискиот шампион (повеќе земаа само за Филипе Кутињо и Луис Суарез) и трет најскап трансфер во историјата на Баерн Минхен (повеќе платија само за Хари Кејн и Лук Ернандез).
- Под покровителство на министерството за спорт на Македонија, на 10. септември во хотелот „ДаблТри Хилтон“ во Скопје ќе се одржи Првиот Регионален Спортски Самит – Скопје 2025.
- Преку панел дискусии, учесниците меѓу кои министри, спортски федерации, претставници на спортски клубови, бизнис лидери, академии, медиуми и визионери ќе имаат можност да иницираат конкретни проекти и партнерства насочени кон унапредување на спортот, промоција на здравиот начин на живот и зголемување на улогата на спортот во креирањето одржливи општества.
- Настанот е предвиден во девет панели, а меѓу учесниците ќе бидат Дарко Панчев, Горан Пандев, Борко Ристовски, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Бобан Илиоски, Игор Стефановски Иџе, Мила Релјиќ, Предраг Мијатовиќ, Шабан Трстена, Лино Червар...
- По врвниот Суперкуп во кој Еуфорарм Пелистер и Вардар 1961 покажаа уште еден блескав меч пред полни трибини а на крај славеа Битолчани, сега дојде ред и за почеток на новата сезона во Суперлига.
- Овојпат како ретко кога досега покрај гореспоменатите вечни ривали кои во новата сезона влегуваат со нови тренери и играчи, и Алкалоид кој знаеше да им помрси сметки, сега борба за трофеите најавува уште еден засилен суперлигаш - Охрид.
- Охриѓани на клупата го имаат одличниот српски стратег Борис Ројевиќ кој дојде од Војводина а ја засилија екипата и со многу сериозни домашни и странски ракометари. Сите суперлигаши се засилија значително и конкуренцијата ќе биде како никогаш досега.