- Вечерва започнува новата сезона во Лига на шампиони, со нов, необичен формат кој допрва треба да им легне на навивачите. Динамо Загреб на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми вечерва му гостува на моќниот Баерн Минхен на „Алијанц Арена“.
- Баварците го прекршиле прописот на УЕФА дека на гостинската екипа треба да и се овозможи тренинг на теренот каде ќе се игра мечот и не им дозволиле на гостите од Загреб да тренираат на „Алијанц Арена“. Причина за тоа била лошата состојба на теренот која траела уште од Европското првенство летово.
- Баерн Минхен на два пати ја менувал подлогата, но тревникот не успеал на места добро да фати прво поради големите горештини па после поради големите дождови.
- Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев, стана првиот Македонец кој успешно ја заврши престижната Harvard & EFC Executive Leadership Programme (ELP), една од водечките програми за развој на лидери во светот на спортот, под покровителство на Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ и ЕФЦ.
- Ненад е првиот Македонец кој во областа на спортскиот менаџмент достигнува вакво ниво на образование и професионално усовршување на Харвард, една од најпрестижните универзитети во светот.
- Ова достигнување е резултат на неговата посветеност, визија и континуирано вложување во развојот на професионализмот и лидерството во спортот.
- Седлоски по натпреварот објасни зошто се одлучил за таков потег. Едноставна и многу фудбалска причина: Растодер и Ќамили играат стандардно во своите клубови, а додека Миовски и Трајковски не.
- Ако ја погледнеме статистиката на секој од нив четворица, бројките говорат многу. Тука се причината за одлуката на Седлоски.
- Веројатно Седлоски верувал дека на важен натпревар како баражот треба да играат најподготвените играчи. На крајот, тој е селектор и тој го има последниот збор, но и тој прв одговара за постигнатите резултати. Негово право е да истрча со играчите што смета дека се најподготвени и можат физички да одговорат на играта која ја негуваат данските фудбалери.