- Германскиот гигант Ауди во август најави, а сега потврди дека влегува во Формула 1 како главен партнер на тимот Заубер, швајцарскиот конструктор кој има договор до 2023-та со Алфа Ромео.
- И од Заубер потврдија дека Ауди ќе им биде нов стратешки партнер од 2026-та.
- „Да се биде дел од работничкиот тим на Ауди не е само чест и голема одговорност, туку и најдобра опција за иднината. Сигурни сме дека можеме да му помогнеме на Ауди да ги исполни целите во Формула 1.
- Откако му заврши позајмицата во Наполи по крајот на сезоната, Елиф Елмас се врати во РБ Лајпциг, бундеслигашот со кој е под договор. За 26-годишниот македонски репрезентативец сега интерес покажала Фиорентина но Елмас побарал малку време да одлучи каде да ја продолжи кариерата.
- Според актуелните проценки, пазарната вредност на Елмас изнесува околу 13 милиони евра, додека РБ Лајпциг наводно бара најмалку 15 милиони евра за неговите услуги. Претходно, германскиот клуб одбил понуда од 10 до 11 милиони евра за негов трансфер.
- Елмас досега играше за два клуба во калчото, тоа се Наполи и Торино
- После повеќемесечна шпанска серија за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, изгледа дека конечно е пронајдено решение. Душан Влаховиќ е близу трансфер во турски Бешикташ со кого утре треба да потпише 3-годишен договор односно до лето 2029-та а се очекува да заработува најмалку 10 милиони евра годишно.
- Турскиот суперлигаш од Истанбул прифатил да плаќа и провизија меѓу 15 и 20 милиони евра што е значително повеќе од досегашната сума.
- Ова ќе биде целосно ново поглавје во кариерата на српскиот репрезентативец кој во Италија играше за Фиорентина и Јувентус а потекнува од школата на белградски Партизан.