30 дена притвор за Сејдини
24 април 2026
- Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи притвор од 30 дена за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини.
- Како што информираат од Кривичен, притворот е определен поради опасност од бегство и можноста од влијание врз сведоци и докази во текот на постапката.
- Според наводите на Обвинителството, експретседателот на ФФМ во периодот од ноември до декември 2024 година прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје.