Веќе неколку сезони по ред ЛА Клиперс стигнува до завршница на НБА плејофот ама таму се наоѓа некој подобро уигран ривал кој ги спречува да стигнат до големото финале. Сега тоа беше Феникс Санс кој ги доби 4-2. Крис Пол растури со 41 поен па цела сезона фрустрираниот Патрик Беверли го турна со сета сила во еден момент по што малку фалеше да избие голема тепачка на паркетот.
Феникс Санс го урна фаворитот Лос Анџелес Клиперс (130:103) и со вкупен резултат 4:2 се пласираа во големото НБА финале. Во шестиот, се испостави решавачки меч од финалето на Западот, Крис Пол издоминира како и во целата серија.
Виктор Вембанјама е името кое стои на врвот на сите тефтери на НБА скаутите и потенцијален прв пик на драфтот во 2023-та. Ова чудо од дете потпиша договор со францускиот евролигаш АСВЕЛ чиј сопственик и претседател е Тони Паркер.
Една од поубавите фотографии на Европското беше онаа од мечот Шведска - Украина на која еден до друг гушнати стоеа Украинец и Русин, секој со знамето на својата земја. Во еден момент останатите украински навивачи го нападнаа Русинот, а другар му го бранеше и го покри со своето знаме.
Во 4. меч од финалето на Истокот во НБА, Атланта Хокс со 110:88 го совлада Милвоки Бакс. Блескаше Богдан Богдановиќ со 20 поени (6 тројки), 3 скока и 5 асистенции и 4 украдени топки. Хокс израмнија на 2-2 а проблем на Милвоки ќе биде повредата на Јанис Антетокумпо. После мечот Шекил О’Нил му се обрати на Богдановиќ на негов јазик.
Немаш ниту една секунда до крај и мислиш дека е готова, но имаш напад од кој можеби некако ќе можеш да се извлечеш. Каква луда завршница и тоа во конференциското финале.
Никола Јокиќ не можеше сам. Откако ги одигра буквално сите натпревари во регуларниот дел и стигна до полуфиналето на Западна конференција, таму Феникс Санс го демолираше Денвер со 4-0.
Португалскиот легендарен тренер некое време го тренираше Кристијан Ериксен во Тотенхем каде соработуваа од близу. Жозе раскажа како ги доживеал потресните моменти со најдобриот фудбалер на Данска.
Никола е роден на 19 февруари 1995 година во Сомбор. Има 26 години. Почнува да тренира во Војводина од Нови Сад, па после во Мега. На 20 години од Мега Баскет преку НБА драфтот оди во Денвер Нагетс. И во една прилика раскажа што помислил кога излегол на паркет на првиот тренинг.
Да другари, тоа е негов Фејсбук статус на 16 години, кога го немаше на кошаркарската мапа, барем не на сениорската. Не е лошо да им го преведат на Американците. Ова е тој „10yearschallenge“ што го викаат?
Центарот на Денвер Никола Јокиќ дозна дека е избран за МВП на сезоната 2020/2021 од комесарот на НБА Адам Силвер за време на еден состанок со тимот. Силвер со видео повик ја соопшти веста, а тренерот на Нагетс Мајкл Мелоун додаде дека Јокиќ станал прв МВП во историјата на клубот и прв МВП во НБА биран во втора рунда на драфт.
За најдобар кошаркар на регуларниот дел од сезоната во НБА е избран центарот на Денвер Нагетс кој заслужено ја добива наградата во силна конкуренција со Стеф Кари и Жоел Ембид.
Бруклин Нетс станува машинерија многу побрзо отколку што се очекуваше. Собир на страшни ѕвезди за кој многу луѓе сметаа дека ќе треба време да се воиграат. Ама во плејофот растураат како од шала. Против Милвоки Бакс во конференциско полуфинале водат со 2-0 откако синоќа прегазија 125-86.
Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата добил фантастична понуда за нов договор за да остане во Маверикс во следните неколку години, а во меѓувреме се враќа во Словенија.
На денешен ден пред 28 години во сообраќајна несреќа на автопатот Нирнберг - Минхен загина еден од најдобрите кошаркари кои Европа некогаш ги имала. Чудесниот Дражен Петровиќ трагично загина на врвот на својата спортска слава на 29 години.
Кошакарите на Хувентуд убедливо го совладаа големиот фаворит Барселона 72-63 во вториот меч од четвртфиналето на шпанската лига и серијата ја однесоа во мајсторка во Каталонија каде ќе се решава патникот во полуфинале.
Со феноменална партија на неверојатниот Девин Букер кој ги распали мрежичките во „Стејплс Центар“, Феникс Санс заслужено го победи Лејкерс и со 4-2 оди во следна рунда.
Еден од двајцата највисоки кошаркари во цела НБА, Бобан Марјановиќ доби дваесетина минути во триумфот на Далас Маверикс над ЛА Клиперс 105:100 во „Стејплс Центар“ каде Дончиќ блесна со 42 поени. Мавси водат 3:2 а Бобан на овој дуел си поигруваше со ривалите ко со деца.
Кошаркарите на Далас Маверикс по трет пат во плејоф серијата го победија фаворитот ЛА Клиперс, овојпат со резултат 105:100 и сега водат 3:2 во 1. коло.
На мечот меѓу Денвер Нагетс и Портланд Трејлблејзерс кои играа дури 2 продолженија и меч на кој Дамјан Лилард одигра џордановски со страшни 55 поени и тројка за продолжение, Никола Јокиќ имаше еден луд пас преку цела противничка одбрана до Мајкл Портер јуниор кој уфрли тројка.
Најлуд меч во досегашниот тек од НБА плејофот одиграа синоќа Денвер Нагетс и Портланд Трејлбејлзерс. Нагетси славеа дури после две продолженија 147-140 и сега водат 3-2 во серијата.
Додека неговиот репрезентативен колега Никола Јокиќ ја чека МВП наградата за најдобар играч во НБА, Василије Мициќ вечерва го доби ова признание за најдобар кошаркар во Евролигата. Со неговиот Ефес Пилсен ја освои првата титула во Евролигата, постигна 25 поени во финале против Барселона и запеа песна со актерот Дарко Периќ (ликот Хелсинки од серијата Ла Каза де Папел).
Кошаркарите на Ефес Пилсен по првпат во историјата го освоија највредниот трофеј во европската кошарка откако вечерва со 86:81 ја совладаа Барса. МВП на сезоната и на Фајнл Фор е Василије Мициќ кој растури и во финалето.