НБА почна со свечена церемонија и победа на шампионот, Јанис сам го урна ѕвездениот Бруклин Нетс

На отворањето на јубилејната 75. сезона од НБА лигата, Милвоки Бакс со 127:104 го победи главниот фаворит за титулата сезонава, Бруклин Нетс.

Стартот на НБА беше супер интересен. Уште во првиот меч се сретнаа актуелниот шампион Милвоки и фаворитот Бруклин.

Пред почетокот на мечот, шампионите од последното НБА финале, Бакс добија шампионски прстени, а под сводовите на домашната арена „Фајсерв Форум“ се крена долгоочекуваното шампионско знаме - прво за 50 години и второ во историјата на тимот од Висконсин.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Milwaukee Bucks (@bucks)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Milwaukee Bucks (@bucks)

Инспирирани од шампионската титула, кошаркарите на Милвоки Бакс импресионираа со физичката подготвеност на самиот старт на сезоната па ги збунија и своите навивачи кои се прашуваа дали воопшто имало тримесечна пауза во НБА?

Бакс тргнаа фуриозно уште во првите минути од мечот. Единствена промена во стартната постава од шампионскиот тим лани беше Грејсон Ален кој летово дојде од Мемфис Гризлис. Милвоки со многу трчање и разноврска игра му овозможуваше на својот лидер Јанис Адетокумбо да доминира во противничкиот рекет.

Очигледно е дека Милвоки Бакс и сезонава ќе се потпре на рецептот кој минатата сезона му донесе шампионска титула. Во прв ред несебичниот проток на топка: на дуелот со Бруклин Нетс секој играч кој влезе на терен доби свој момент во центар на внимание.

На крајот заслужен триумф на Бакси 127:104 против главниот фаворит за шампионскиот прстен сезонава Бруклин Нетс. Адетокумбо постигна 32 поени со 14 скока и 7 асистенции. Крис Мидлтон уфрли 20 поени, имаше 9 скока и 3 асистенции. Пет Конахтон додаде 20 поени со 3 скока и 2 асистенции, а Џру Холиеј 12 поени и по 1 скок и асистенција.

Кај тимот од Бруклин кој игра без Кајри Ирвинг, Кевин Дурент запиша 32 поени, 11 скока и 4 асистенции. Харден имаше 20-8-8, Пети Милс 21-2-2, а Николас Клекстон 12 поени и 7 скока.

20 октомври 2021 - 11:19