Чудна техничка за Ембид зошто понижил противнички играч

Во неизвесен меч Филаделфија ’76 го доби Детроит со 110-102. Лидерот на оваа екипа Џоел Ембид постигна 30 поени, имаше 18 скока и 3 асистенции. Во еден момент заби многу лесно преку 22-годишниот Лука Гарза, нешто прозборе агресивно па судиите го исклучија зошто наводно го понижувал противничкиот играч. Ембид се бранеше дека си зборел сам со себе.

Коментаторот: „Знам дека има вакво нешто во No Fun Leage (NFL), ама и тука имало?!“

 

29 октомври 2021 - 10:55