До скоро прв пик и најголем талент во цела НБА, сега направен прасе

21-годишниот кошаркар на Њу Ореалнс Пеликанс беше прв пик на НБА драфтот во 2019-та. Набрзо го избраа во Ол-Руки првиот тим а во 2021 стана и 4-от најмлад кошаркар избран за Ол Стар меч. Ама од тогаш наваму поради голема тежина и неколку оперативни зафати, Зајон тешко да се врати во форма.

Лидерот на Пеликанс продолжува да тренира после операцијата на стопало пред сезоната. Пред мечот Њу Орлеанс - Њујорк Никс (117:123) Зајон се загреваше на паркетот и ги шокираше гледачите со својата килажа. Тој сезонава уште нема ниеден настап а Пеликанс има 1 победа и 6 порази.

 

 

1 ноември 2021 - 10:52