На 4 минути до крајот од мечот против Сакраменто, кошаркарите на Далас водеа тесно со +3.
Лука за момент ја загуби топката во водење, го нападнаа двајца на центар за да му ја земат, а тој се исправи и ладнокрво испали проектил за делириум во салата.
Со оваа тројка Далас имаше водство од 95:89, а крајот победи со истата предност од 6 коша, 105:99.
Предводникот на триумфот на Маверикс беше Лука Дончиќ кој запиша 23 поени, 10 скока и 8 асистенции и за малку не оствари трипл дабл.
Словенецот го следеше Тим Хардавеј со 16 поени, 3 скока и 3 асистенции, а најдобар во противничкиот табор беше Ришаун Холмс со 22 поени и 13 скока.