После мечот на прес-конференција Грег Поповиќ пред новинарите изјавил:
„Замислете да постоеше Југославија и овие момци да беа во иста екипа. Тоа ќе беше возбудливо: Словенци, Хрвати, Срби и Босанци. Дончиќ ме потсети на тоа, секој нов кошаркар кој ќе се појави од Балканот е одличен. Во НБА сите ги паметиме настапите на Дивац, Кукоч и Петровиќ. Сепак, нешто друго ми е на памет. Како може да станеш толку добар во мала земја? Знам дека не играл на терени како во Њујорк, Чикаго или Лос Анџелес, каде што конкуренцијата е голема“, изјавил големиот Поп.
За Лука Дончиќ, Поповиќ рекол:
„На лично ниво, тој стварно ужива да игра и ми се допаѓа неговата емоција. Знаете, понекогаш се фрустрира и нешто е лут за нешто. Понекогаш, се кине од смеење и ужива во додавањата или во тројката што ја плеснал во лице. И просто ужива. Тој повеќе сака забава отколку да биде неверојатен играч“:
What are Gregg Popovich and Luka Doncic talking about? 💭👇
— BasketNews.com (@BasketNews_com) October 29, 2021
🎥 @dallasmavs pic.twitter.com/YFEDGLlgAY
Грег Поповиќ летово 2021 го водеше Дрим Тимот на САД до ново олимписко злато. Има пет шампионски прстени во НБА и важи за најдобриот тренер во модерната историја на светската кошарка.
🍿 SHOWTIME LUKA 🍿 pic.twitter.com/eZ9zrhpEcX
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) October 29, 2021